Агентот на Ибра призна дека сека пари од EA Sports, па му се налути на водителот од емисијата

Zlatan

Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола гостуваше во радио емисијата, призна дека сака пари од EA Sports, се налути на водителот а потоа го прекина разговорот со него.

Caso Ibrahimovic: EA Sports e FIFPro rispondono a Raiola e allo svedese

Брзо потсетување: Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се побуни оваа недела затоа што Дејвид Бекам доби 40 милиони фунти за да се појави на натпреварите на FIFA а на него никој не му плати ништо. EA Sports му објасни дека тие имаат право да го користат неговото име и изглед на натпреварите на FIFA преку партнерство со Милан, но агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола тврди дека ниту еден клуб нема права за изгледот на своите играчи.

Раиола, кој е познат во фудбалските кругови по своите желби и темперамент, беше гостин во радио емисијата talkSPORT каде водителот го праша за спорот со Electronic Arts. Како аргумент, Раиола го наведе примерот на Дејвид Бекам, кој повеќе не е активен фудбалер, тврдејќи дека истото правило треба да важи и за Златан и за сите други фудбалери – EA Sports треба да плати секој фудбалер поединечно за да се појави во игрите на ФИФА.

Запрашан зошто не се заканил со тужба против EA Sports или не забранил употреба на изгледот на неговите играчи во игрите на FIFA, агентот на Ибрахимовиќ одговори: „Сè во свое време“. Кога водителот го притиснал, изразувајќи мислење дека станува збор само за пари, Раиола се согласил.

Сепак парите се битни

„Сè е во врска со парите. EA Sports не е хуманитарна организација… Ова е прашање на пари и права. Прашањето кој може да ги искористи чии права. И прашање на принцип. Не мора да објаснуваме зошто не сторивме нешто порано или кога ќе сториме нешто во врска со тоа “. Рече Раиола.

Кога водителот изјави дека не станува збор за правото да се користи имиџот на фудбалерот или прашање на принцип, туку обидот на Раиола да заработи, агентот на Ибрахимовиќ одговори дека е загрижен за своето мислење и нагло го прекина телефонскиот разговор.