Бесплатно се дели акционата авантура Pine која е подсеќа на Fable

Pine

Epic Games малку го „затегна појасот“ кога станува збор за игри што им се даваат на регистрираните корисници на нивната платформа, но оваа недела тие сè уште споделуваат нешто што вреди да се напомене. До следниот четврток во 5 часот попладне ќе можете да ја добиете акционата авантура Pine.

Тоа е игра што излезе на крајот на 2019 година и со својот концепт ги потсети играчите на сериите Fable и Legend of Zelda. Приказната за играта следи еден млад човек по име Хуе, кој бара нов дом за своето племе, истражувајќи го светот на Албамаре и пробивајќи разни противници во дивината. За да ја симнете бесплатно играта кликнете ОВДЕ!

Ова е подценета игра која вообичаено чини 20 евра, а сега се споделува бесплатно – немате што да изгубите. Наративната авантура The Lion’s Song ќе биде споделена на Epic Games Store следната недела.

Минимални системски побарувања за Pine:

OSWindows 7 (64-bit)
CPUQuad Core 3.2 Ghz 
RAM8 GB RAM
GPU: NVIDIA GeForce GTX 660

Препорачани системски побарувања:

OSWindows 10 (64-bit)
CPUQuad Core 3.40 Ghz
RAM8 GB RAM
GPUNVIDIA GeForce GTX 970