Пристигна Nemestice заедно со нов Dota 2 Battle Pass

Nemestice Battle Pass

Valve го објави првиот Dota 2 Battle Pass оваа година и ги објави деталите за новиот настан Nemestice, заедно со Spectre Arcana и нова Dragon Knight персона.

Battle Pass-от чини 7,49 УСД за играчите кои сакаат да започнат од првото ниво, а можно е да купите пакети кои ќе ви дадат 50 или 100 нивоа. Приходите од продажба нема да бидат префрлени на наградниот фонд The ​​International 10, кој веќе ја надмина бројката од 40 милиони со користење на минатогодишниот Battle Pass.

Како и обично, освојувате награди  играјќи натпревари, исполнувајќи цели или купувајќи нивоа директно. Некои од овие награди се новиот Immortal Treasure, Dragon Knight персоната, Spectre Arcana и многу повеќе.

Фановите на Дота ja чекаа Арканата скоро една година, а вие можете да отклучите друг стил, уникатни анимации и над 500 нови коментари/ Го добивате стилот Phantom Ascension кога ќе стигнете до Мега Кил во 100 различни игри. Не мора да го отклучуите стилот само додека работи Battle Pass 2021, можете и потоа.

Dragon Knight добива посебна персона базирана на аниме серијата на Нетфликс.

На Nemestice евентот, играчите ќе собираат фрагменти од урнат метеор, што може да ги подобри способностите на вашиот херој и да ја смени основата на Dota. Се врати и настанот Cavern Crawl. Во играта ќе има неделни задачи преку кои ќе можете да заработите повеќе поени, а ќе ви биде додаден и нов асистент на Dota кој ќе ви помогне во текот на играта.

Очекувајте да дојдат повеќе богатства, тркала за разговор, сезонски ефекти, емотикони, спрејови и друга содржина во наредните месеци. Интересно, ова не е единствениот Battle Pass што излезе оваа година. Друга верзија треба да се појави на крајот на годината, која ќе содржи повеќе нови содржини.