📽 Најавена Football Manager 2022, ја нема на PlayStation, но ја има на Game Pass

Football Manager 2022

Развојното студио Sports Interactive и издавачот SEGA го најавија новото издание на Football Manager за оваа година. Football Manager 2022 излегува на 9 октомври, паралелно на PC и Xbox платформите. Новото продолжение од Football Manager светот веднаш по излегувањето ќе биде достапно на Game Pass претплатата, а сето тоа поради успехот кој FM 2021 го имаше на Xbox минатата година.

Но, исто како и претходно, така и оваа година ништо не се споменува околу евентуално пристигнување на PlayStation платформата, ниту пак евентуално лансирање на посебна верзија. Играта засега носи неодредени новости кога станува збор за некои детали, како што се апдејтирани лиценци и клубови, што и до некаде можеше да се очекува.

Од друга страна, нешто поконкретни детали околу самиот гејмплеј не дознавме, но истите би требало да бидат објавени во текот на следниот месец. Единствено што се знае е дека сите кои ќе направат преднарачка на играта ќе добијат пристап до истата две недели порано од официјалното излегување.