Радикални предвидувања: 5G мрежата може да значи и пропаѓање на конзолите

5G

Конзолите и денес уживаат огромна популарност меѓу гејмерите, но компаниите веќе истражуваат како да ги користат cloud функциите за да овозможат нивните омилени видеоигри да бидат достапни било каде, а гејмерите да можат да уживаат во нив од речиси сите уреди кои имаат интернет конективност. Microsoft е еден од нив, а со услугата xCloud настојува да ја пробие границата меѓу конзолите и cloud игрите, но се уште е далеку од својата цел, бидејќи за такво нешто е потребна 5G мрежа.

Встина е дека репродукцијата преку стриминг, како што е случајот со Google Stadia, е прилично проблематична поради разните потешкотии. Главната е интернет врската која не функционира секогаш како што би требала. Ако тоа се земе предвид, Наоки Јошида, прославениот продуцент на Final Fantasy, вели дека доаѓањето на 5G технологијата би можела да биде клучниот фактор за она што и е потребно на индустријата за cloud игрите со цел да ја надминат популарноста на конзолите.

„Во моментот кога 5G ќе стане глобален стандард, сигурно ќе настапи момент кога ќе ги пренесуваме сликите на било кој уред. Играчите ќе можат да уживаат во висококвалитетни играчки искуства иако не се поврзани со играчки хардвер или телевизиски монитор. Дефинитивно одиме во оваа насока и мислам дека коронавирусот нема да ја забави оваа промена“.

Иако зборовите на Јошида имаат смисла, тешко е да се замисли иднината во која играњето преку стриминг ќе биде стандард, бидејќи моменталното локално играње со вашата конзола нема споредба во поглед на квалитетот на сликата и респонзивноста на контролерот.