80s Action Heroes за Warzone и Black Ops Cold War со нов трејлер

80s Action Heroes

Џон Рамбо и Џон Меклејн конечно пристигнуваат во Call of Duty оваа недела во рамките на 80s Action Heroes настанот, со оглед на тоа дека франшизата ги слави акционите херои од 80-тите години.

Откако со тизер кампањата беа најавени легендарните ликови, Call of Duty играчите со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на Рамбо и Меклејн. Овој ден конечно доаѓа, а објавен е и трејлерот за 80s Action Heroes. Така, двата култни ликови толкувани од подеднакво легендарните Силвестер Сталоне и Брус Вилис, заедно со уште неколку филмски елементи кои будат носталгија, ќе пристигнат во текот на утрешниот ден.

Веројанто најинтересниот дел од трејлерот, кој ќе можете да го погледнете во прилог, е претставувањето на Nakatomi Plaza. Легендарната зграда која е главното место каде што се одвива дејството во оригиналниот Die Hard филм, ќе биде нов додаток во Verdansk мапата, веројатно за времетраењето на овој настан. Кога станува збор за истиот, Call of Duty 80s Action Heroes настанот почнува од утре и ќе трае до 18 јуни.

Настанот ќе биде во живо во Warzone, Black Ops Cold War и ќе се прелее на Call of Duty Mobile. За време на настанот, играчите ќе можат да купат Rambo и Die Hard „пакови“, а секој од нив ќе содржи тематски оператор, заштитни потези, амблеми и еден куп други работи.

Овој настан ќе донесе и нов LTM наречен Power Grab, а за таа цел капацитетот на мапата ќе биде намален од 150 на 100, но тоа не значи дека ќе има помалку акција. Кругот ќе се затвора побрзо и ќе го нема Gulag. Единствениот начин за добивање втора шанса е да се надевате дека некој соиграч ќе ве оживее.