Activision банираше 60.000 читери во Warzone и ветува уште поголема акција

Activision Warzone

Читерите отсекогаш биле проблем во Call of Duty, но во последно време, станаa вистинска главоболка за Activision, a тоа е делумно поради фактот што има повеќе читери во Warzone од било кога претходно. Но, и делумно поради тоа што проблемот со читовите дојде до тоа ниво што ги принудува стримерите и инфлуенсерите да се откажуваат од играта.

Activision очигледно не сака да го загуби својот „рудник за пари“, па реагира на критиките за недостатокот на анти-чит во Warzone докажувајќи дека банирале илјадници акаунти и ветуваат дека ќе бидат уште подобри во иднина.

„Имаме нулта толеранција за читерите во Call of Duty и Call of Duty: Warzone“, напишаа од Activision во нивниот блог, истакнувајќи дека неодамна банирале 60.000 акаунти, со што вкупниот број се искачи на 300.000.

„Исто така продолжуваме со нашите напори да ги идентификуваме и провајдерите на читови во нивниот извор, кои дистрибуираат неавторизиран third-party софтвер за модирање и хакирање“, додаваат од Activision.

Една од најголемите критики која Warzone ја избегна од своето лансирање е идејата дека не постои ин-гејм анти-чит софтвер. Activision се чини дека го потврдуваат тоа во својот блог пост, пишувајќи дека нивниот анти-чит процес вклучува репортирање на играчи, дво-факторна автентикација (која сама елиминираше 180.000 акаунти) и неделни безбедносни апдејти.

Со оглед на сето ова, Activision ветува дека ќе ги зголеми своите анти-чит напори со нов интерен анти-чит софтвер и дополнителна анти-чит детекциска технологија. Исто така велат дека ќе додадат и повеќе човечки ресурси во мониторирањето покрај дополнителната комуникација со пошироката Warzone заедница. Во иднина, регуларните апдејти ќе бидат снабдувани преку посебен Warzone тим во Raven Software.