Valve реагираше: Aghanim’s Trials започнува од Magician нивото

Aghanim's Trials

Престојните неделни Trials за годинешниот Dota 2 Summer Event ќе се играат на второто најлесно ниво, објавија од Valve. Aghanim’s Labyrinth глобалната табела од Aghamin’s Trials официјално започнаа вчера за сите оние кои го поразија моќниот Aghanim волшебник на првото ниво.

Valve беше принуден да излезе со ваква најава откако доби лавина критики од заедницата изминатите недели осудувајќи ја одлуката на развојниот тим на Dota 2 за подигнување на нивото со двата последователни пача. Реакциите на задницата предизвикаа Valve експресно да реагира и да „олабави“ неколку соби во лавиринтот, како и ослабувањето на целите Apprentice и Magician нивоа. Ова има за цел балансирање меѓу обичните и посветените играчи.

Како додаток на тоа, Aghanim’s Trials кои првично се сметаа како достапни за оние кои ќе ги комплетираат сите четири ниво на Labyrinth (Apprentice, Magician, Sorcerer и Magnus) ќе бидат објавени денеска за сите оние кои го комплетираа само првото ниво и ќе гарантираат дополнително уште еден Interdimensional Baby Roshan курир за првиот тим кој ќе го порази првиот boss во лавиринтот, кој претходно беше ексклузивно „право“ за глобално најдобро пласираниот тим на неделно ниво.

Aghanim’s Trials награди:

Tiеr 1: Aghanim’s Interdimensional Baby Roshan курир
Tier 2: Waterlogged Kunkka Shoes козметички ајтем
Tiеr 3: Random Arcana
Tier 4: Неделен in-game Aghanim’s ефект за победување на првиот boss

Aghanim’s Trials започнува во 12 часот, а играчите ќе имаат можност да изберат двочасовен „прозорец“ за да ги тестираат своите сили низ лавиринтот. Двочасовниот „прозорец“ ќе биде достапен само еднаш неделно. Натпреварувачките „прозорци“ ќе бидат распоредени во петчасовни интервали, исто како TI10 Battle Pass Gauntlet предизвикот. Иако е дел од Dota 2 Battle Pass, Aghanim’s Trials е достапен и бесплатно во мод со ограничено време за оние кои не го поседуваат истиот.