AMD подготвува специјални графички за „копање“ крипто валути

крипто

Лансирањето на Nvidia RTX 3060 донесе две изненадувања. Првото е фактот дека пристигна заедно со софтвер лимитер за копање на крипто валути со што наводно се спречува можноста да се користи во оваа цел, со што RTX 3060 картичката станува повеќе достапна за таргет групата, а тоа се PC гејмерите.

Второто изненадување беше кога Nvidia најави дека ќе прави нова линија на GPU кои ќе бидат произведени од страна на крипто „рударите“. Картичката нема да ги поседува карактеристиките кои се потребни за гејмерите, туку наместо тоа ќе го насочи целото свое процесирање кон наоѓање на следниот Bitcoin, или Ethereum Coin или каква било друга крипто валута.

Сега се чини дека AMD се подготвува да го направи истиот чекор. PCGamesN пренесува дека неодамнешната kernel driver пач листа на Linux вклучува и RDNA 1, Navi 12 базирана картичка која нема никакви дисплеј портови. Единствената корист од GPU без дисплеј порт за која ние знаеме е копање на крипто валути, па реално е дека AMD исто така ги таргетира „крипто рударите“ со специјална графичка картичка.

Navi 12 картичките се специјално направени за Mac и немаат некои сообено добри перформанси во целина. PCGamesN пренесува дека Radeon Pro V520 има слични перформанси како RX 5600 XT, популарна картичка за копање криптовалути, па можно е AMD само да ги користи „остатоците“ од Pro V520 и ги преправа во „специјални“ картички.