AMD тврди дека недостигот на next-gen конзоли ќе потрае уште неколку месеци

AMD next-gen

Компанијата AMD преку својот финансиски извештај открива дека очекува глобалниот недостаток на next-gen конзоли да продолжи уште некое време. Според нив, сите оние кои со нетрпение исчекуваат да се појави PlayStation 5 или Xbox Series X/S на залиха, ќе мораат да почекаат најмалку уште шест месеци!

Многумина се прашуваат кога ќе заврши ова лудило со глобалниот недостаток на next-gen конзоли. Продавачите веднаш штом ќе добијат некоја конзола на залиха ја пуштаат во продажба, а илјадници луѓе чекаат во виртуелен ред за да си го добијат посакуваното парче технологија, за на крајот пак повеќето да останат со празни раце.

PS5

Секако, сето ова мора некогаш да заврши и еден ден секој што сака да се поднови со нова конзола ќе може да си купи по нормална цена. Сепак, ако се суди според изјавата на извршниот директор на AMD, Лиса Су, тоа нема ни да почне да се случува се до втората половина од 2021 година. Су ја предвиде финансиската заработувачка на AMD, ставајќи го и недостатокот на новите десктоп CPU и GPU во исти кош. Извршниот директор на AMD направи осврт на CPU и графичките картички на компанијата, но верува дека токму конзолите ќе бидат најпогодени.

PS5 Xbox

Една од причините поради кои доставата нема да ја пресретне побарувачката се до втората половина на годинава е постојаната упорност на „тапкарошите“.

Шефот на Xbox, Фил Спенсер, исто така претходно изјави дека не очекува Series X конзолите да бидат достапни пред април. Овој нов извештај од AMD сугерира дека ќе треба да почекаме и уште повеќе за да можеме да си добиеме next-gen конзола без никакви проблеми.