Apex Legends пристигнува на Switch и Steam со crossplay опција

Apex Legends

Apex Legends конечно ќе биде достапна за Nintendo Switch од оваа есен, заедно со целосна crossplay опција за сите останати платформи како PC, PlayStation 4, Xbox One и Origin. Ова е навистина голем чекор за Respawn Enteratinment и EA. Electronic Arts го најави овој потег на EA Play 2020 настанот.

Apex Legends е една од најголемите игри на EA, a компаниското студио Respawn Entertainment инвестира навистина многу во оваа франшиза со цел да се осигура дека играта ќе остане популарна како евергрин бесплата battle royale shooter игра.

За оние кои не се најдобро запознаени, Apex Legends е sci-fi наслов базиран во Titanfall универзумот, кој поседува одличен combat „гејмплеј“ кој стана инстант хит кога се појави за прв пат во февруари 2019 година. Оваа игра успеа да го надомести неуспехот на EA со Anthem и успеа да достигне повеќе од 50 милиони симнувања во првиот месец. EA неодамна истакна дека играта достигнала до повеќе од 70 милиони симнувања.

Но, играта се соочува со сериозна конкуренција од веќе постоечките battle royale игри, како и хитот на Activision, Call of Duty: Warzone во battle royale режимот за Modern Warfare.

EA и Respawn Entertainment подготвија и неколку новини

Со цел да останат конкурентни меѓу играчите, Respawn Entertainment во моментов е во процес на изработка на специјална верзија на Apex Legends за Nintendo Switch која во принцип нема премногу да се разликува од оригиналната верзија, но во секој случај е потребна. Исто така, што веројатно е подеднакво важно, играта ќе се појави со целосна поддршка за меѓуплатформско играње, односно crossplay опција. Воедно, играта ќе се појави и на Steam. ЕА веќе лансираше голем број од своите наслови на оваа платформа, но Apex Legends е сепак поинаква игра, за што е потербно дополнително време.

Воедно вреди да се напомене дека за време на EA Play настанот беше претставен и новото случување кое се одигрува во Apex Legends, со нов режим на играње, голем број ексклузивни скинови за купување, како и нова легенда во играта. Овие промени доаѓаат токму на време за сезона 5 во која ќе биде додаден и карактерот Loba во ростерот. Играта исто така има и планиран „апдејт“, Lost Treasures, кој ќе биде лансиран на 23 јуни. Со новата опција за играње, како и crossplay компатибилноста, на Apex Legends играчите сигурно нема да им недостасува „контент“ или конкуренција.