Assetto Corsa Competizione пристигнува на Xbox и PlayStation

Assetto Corsa Competizione

Спортската тркачка симулација Assetto Corsa Competizione која е дело на италијанската компанија Kunos Simulazioni, од оваа недела е достапна за Xbox и PlayStation. Assetto Corsa Competizione им овозможува на играчите да се тркаат против компјутерот во „офлајн“ или против други играчи во „онлајн“ режим. Модовите вклучуваат и „офлајн“ кариера, custom шампионат, custom трки, како и „онлајн“ multiplayer.

Меѓу останатите одлики се наоѓаат и Free Practice, Hot Lap, Superpole, Hot Sting, Quick Race, Sprint Race Weekend (со два тренинга, две квалификациски сесии и две сесии со вкупна должина од еден час), како и Endurance Race Weekend (два тренинга, четири квалификациски сесии и top-ten superpole, како и една или две трки секоја до 24 часа). Трките можат да бидат зачувани и продолжени среде сесија во „офлајн“ режимот.

Префрлувањето на PC игра на конзола знае да биде доста специфично, но 505 Games и Kunos Simulazioni веќе го имаат направено тоа. Assetto Corsa е висококвалитетна и моќна симулациска тркачка игра со широк избор на автомобили и патеки. Наследникот Assetto Corsa Competizione се фокусира кон European GT3 тркањето. Како резултат на тоа, има помалку автомобили и патеки, но играта е пофокусирана на пристапот до работите како Career режимот.

Најтешкиот дел кога станува збор за претворање на PC тркачки симулатор во игра за конзола е тоа што повеќето корисници на конзоли користат џојстик наместо управувач и педали. Но, за среќа, Assetto Corsa Competizione е високо достапна и pad-friendly.

Потребна е далеку поголема концентрација, вежбање и талент за да се биде брз и успешен на ACC отколку што е потребно на F1 играта или Gran Turismo, но можете да имате навистина многу забава и компетитивни трки користејќи и џојстик.