„Багот“ кој му помогна на QC да го победи EG, ќе реагира ли IceFrog?

EG

Завчера се одигра Dota 2 мечот меѓу двете најдобри северноамерикански екипи, Evil Geniuses и Quinci Crew. Двата тима, и QC и EG, влегоа во дуелот без ниту еден пораз, со резултат 5-0 во групната фаза, така што мечот беше исклучително важен за пласман на престојниот Major.

Првата партија им припадна на EG, а во втората беа во навистина добра позиција. Но, при крајот на втората партија имавме можност да видиме еден спектакуларен „тимфајт“ кој направи пресврт во случувањата и го привлече вниманието во Dota 2 заедницата.

Што всушност се случи во сета оваа мешаница? Имено, Meduza беше убиена во текот на Tiny Toss, но во истиот момент направи buyback. Со оглед на тоа дека нејзиниот „дух“ се уште беше во воздух, Meduza при buyback-от се телепортираше на истата позиција во „тимфајтот“. Со оглед на тоа дека во игра беа два Reaper-а, тајмингот беше клучен. Во случај Meduza да не добиеше бесплатна телепортација, сигурно ќе закаснеше во „тимфајтот“ и ќе останеше потполно сама против петте херои на EG.

На крајот, Quincy Crew успеа да го победи овој „тимфајт“ и самата партија, а на крајот и третиот меч.

Но, по сето ова, со право се поставува прашањето дали IceFrog треба да реагира и да се отстрани оваа механика од играта, или сепак не?