Џо Бајден им помага на Sony и Xbox, бара решение за производство на чипови

чипови

Американскиот претседател Џо Бајден бара решение за актуелната криза и недостиг на семикондукторски чипови, што резултираше со недостиг на next-gen конзоли на пазарот. Хроничниот недостаток на чипови е поврзан со влијанието на пандемијата на коронавирусот врз производството во САД.

Според Reuters, Бајден потпишал извршна наредба со која ќе се направи увид во синџирот на достава за четири критични производи, вклучително семикондукторски чипови, фармацевтски производи, ретки минерали и батерии со висок капацитет за електрични возила. Оваа наредба се однесува на недостатоците во клучите комуникациски технологии, транспортот, енергијата, производството на храна, јавното здравје и одбранбените производи.

PS5 Series X

Поголемото снабдување со семикондукторски чипoви може да го забрза производството на PS5 и Xbox Series X/S конзолите. Semiconductor Industry Association (SIA) пренесува дека семикондуктерските компании во Америка претставуваат 47 проценти од целата продажба на семикондукторски чипови во светот, иако само 12 проценти од чиповите се произведуваат во САД.

„Им дадов директива на поискусните официјални лица во мојата администрација да работат со лидерите во индустријата со цел да најдат решенија за недостигот на семикондуктерски чипови. Конгресот го одобри сето ова, но им требаат 37 милијарди долари со цел да се осигураат го имаме тој капацитет. Ќе направам се за да ги обезбедам и парите“, изјави Бајден.

Неодамнешниот извештај на Ampere Analysis откри дека ограничувањата во снабдувањето ги спречи PlayStation и Xbox конозлите да ја надминат продажбата на нивните претходници. Голем број компании, како Huawei и Toyota, чуваат огромни залихи на семикондуктерски чипови поради недостигот.