Бесплатното надоградување од Windows 10 на 11 започнува следната година

Windows 11

Кон крајот на минатата недела, Microsoft и официјално го претстави Windows 11, најновата верзија на оперативниот систем. Иако неговото деби е планирано за последните месеци од 2021 година, бесплатното ажурирање за корисниците на оперативниот систем Windows 10 ќе пристигне дури во првата половина од 2022 година.

Одговарајќи на прашање на еден Twitter корисник, официјалниот профил на Microsoft кој е посветен на Windows потврди дека Windows 11 ќе биде објавен кон крајот на годината, а неговата дистрибуција би требало да започне во следните неколку месеци. Меѓутоа, компатибилните уреди ќе го примат ажурирањето во текот на првите месеци следната година.

Излегувањето на Windows 11 е планиран за крајот на 2021 година, а дистрибуцијата ќе се одвива во текот на неколку месеци. Бесплатното ажурирање за уредите со системот Windows 10 ќе започнат да се испорачуваат во првата половина од 2022 година.

Иако овој оперативен систем ќе биде можно да се купи посебно подоцна оваа година, а оние кои попрво би почекале бесплатно ажурирање ќе треба да причекаат нешто подолго.