Бројот на активни играчи во CS:GO се намали откако беше воведено плаќање за Ranked

Статистиката за месецов за Counter-Strike: Global Offensive покажува дека значителен број играчи испаднаа од играта по воведувањето на платените премиум акаунти.

Counter-Strike: Global Offensive - Adjustments to Non-Prime - Steam News

Популарната free-to-play igra Counter Strike: Global Offensive од минатиот месец веќе не е целосно бесплатба. Со цел да се борат против читери, креаторите на играта воведоа платени кориснички сметки (Prime) до кои се пристапува со еднократен надоместок од 15 евра. Без плаќање, нема пристап до рангирани натпревари и бидејќи статусот Prime не може да се добие на кој било друг начин освен со плаќање, тоа ги одврати некои играчи од играта.

Гледајќи ја официјалната статистика за Steam, CS:GO изгуби значителна количина играчи во шестиот месец. Просечниот број на активни корисници на месечно ниво падна за дури 16,75%, што е втор најголем пад на просечниот број активни играчи во историјата на Counter-Strike.

Counter-Strike: Global Offensive now charges £10.89 for access to ranked •  Eurogamer.net

Ова само го продолжи негативниот тренд што го имаше CS:GO во 2021 година, кога просечниот број на активни играчи падна од 740 илјади на 532 илјади. Исто така, се намали најголемиот број на истовремени играчи, што во шестиот месец беше под милион за прв пат од октомври 2020 година.

И покрај сите овие статистички податоци, треба да се напомене дека CS:GO сè уште е меѓу најиграните игри на Steam.