Bud Light најави своја next-gen конзола и изгледа навистина фантастично

Bud Light

Компанијата за пиво Bud Light најави своја next-gen гејминг конзола, барем нешто налик конзола, и сето тоа е од најдобри намери. BL6, како што ја нарекуваат, е новата „конзола“ за која во компанијата за пиво велат дека „нема да се прегрее или да испушти чад“.

Наречена „најкул конзола досега“, BL6 се одликува со „високо напојуван гејминг PC“ кој пристигнува со веќе инсталирани Bandai Namco игри како Tekken 7 и SoulCalibur VI, заедно со RBI Baseball 20 и Broforce. Исто така пристигнува и со два специјално дизајнирани контролери кои го носат името BL6.

Системот се разладува со… пиво, или како што Bud Light го нарекува, „уникатниот и прв пивски разладен систем“. Конзолата исто така пристигнува и со 720p ASUS проектор, па можете да играте игри каде и да сте.

BL6 ќе биде исклучително тешко да се набави, со оглед на тоа дека ќе се продава преку аукција на ShopBeerGear.com, со исклучително ограничена достапност. Актуелната највисока понуда веќе е над 1.800 долари, а наддавањето трае до денес.

И поентата во сето ова не е да се заработат пари, со оглед на тоа дека Bud Light ќе ги донира сите приходи во добротворни цели, односно за работниците во рестораните кои се погодени од Covid-19.

Најинтересно е што Bud Light објави и листа на спецификации во која BL6 се споредува со „The X“ и со „The Five“ (Xbox Series X и PlayStation 5), a табелата е навистина урнебесна.

Посетете го сајтот на BL6 за да дознаете повеќе за оваа навистина невообичаенa конзола.