Call of Duty: Warzone наскоро ќе понуди натпревари со 200 играчи

Call of Duty

Новиот апдејт за Call of Duty: Warzone конечно ни пристигнува, а со него Activision ни го најави и новиот mode  каде што бројката на играчи во едно лоби ја зголеми од 150 на 200.

Ова доаѓа по неколку месеци чекање на навивачите кои знаат 200 играчи ќе дојдат во Warzone. По раните протекувања, дури и пред официјално да биде објавен Warzone, беше откриено дека максималниот број на играчи ќе се зголеми на 200 во одреден момент по лансирањето. Можам да ви кажам дека еден ден ќе играме со 200 играчи, рече Патрик Кели. Ко-шеф на развивачот на Warzone Infinity Ward, во интервју за USA Today објавено на 10 март.

Call of Duty Modern Warfare and Warzone Season 4 Ponovno učitane informacije s novim puškama, opremom i pogonima. Slika oružanog solida u sredini

Иако во моментов има максимум 150 играчи, ова ќе се зголеми за 50 играчи што значи дека може да видиме дека светските рекорди за убиства ќе паѓаат многу брзо. Во моментов е непознато како ова ќе се спроведе во играта. Може да биде во сите модули или, на пример, само во бета одделите за тестирање. Без оглед, веруваме дека ќе дојде за време на апдејтот на средината на сезоната.

Новиот апдејт ќе биде достапен за симнување од 30 јуни, и неговата големина ќе варира од окулу 22-36gb. Покрај зголемениот број на играчи се очекуваат  бројни нови дополнување како нова мапа, оружје, нови скинови и многу повеќе.