Capcom Arcade Stadium на Nintendo Switch носи дури 32 аркадни класици

Capcom

Нов ретро напад ни доаѓа од Capcom, и овој пат само за Nintendo Switch. Capcom Arcade Stadium носи дури 32 класични аркадни класици, вклучително и Ghosts ‘n Goblins, верзија Super Street Fighter II, Strider и 1944: The Loop Master.

Колекцијата започнува во февруари со бесплатно преземање на играта 1943: The Battle of Midway, по што ќе бидат понудени специфични пакети со игри.

Подолу можете да го видите целиот список, но претходно проверете го трејлерот:

  • Првата колекција ги содржи: Dawn of the Arcade (1984 – 1988): Vulgus, Pirate Ship Higemaru, 1942, Tatakai no Banka, Legendary Wings, Bionic Commando, Forgotten Worlds и Ghouls ‘n Ghosts.
  • Втората колекција ги содржи: Arcade Revolution (1989 – 1992): Strider, Dynasty Wars, Final Fight, 1941: Counter Attack, Senjo no Okami II, Mega Twins, Carrier Air Wing, Street Fighter II: The World Warrior, Captain Commando и Varth: Operation Thunderstorm.
  • Третата колекција ги содржи: Arcade Evolution (1992 – 2001): Warriors of Fate, Street Fighter II’: Hyper Fighting, Super Street Fighter II Turbo, Powered Gera: Strategic Variant Armor Equipment, Cyberbots: Fullmetal Madness, 19XX: The War Against Destiny, Battle Circuit, Giga Wing, 1944: The Loop Master и Progea.