📽 Career модот во next-gen верзијата на NBA 2K22 е претворен во вистински open-world RPG

Career NBA 2K22

Од година во година, Career модот во NBA 2K игрите расте и се претвора во своевиден MMO, а годинешното издание дефинитивно би требало да отиде чекор понатаму.

Имено, Career модот во PS5 и Xbox Series X/S верзиите на NBA 2K22 е всушност претворен во вистински open-world RPG.

Новата доза на sandbox содржина која играчите ги очекува во The City е навистина импресивна, почнувајќи од активностите како што се изградба на сопствен бренд и интеракција со агентите, генералните менаџери и останатите. Наместо линеарен сторилајн, овојпат ќе можеме слободно да ги извршуваме бројните „sidequests“, па дури и да станеме музички продуцент и моден дизајнер, а ќе можеме дури и да се натпреваруваме и во велосипедски трки.

Сезонските надоградувања за играта би требало да донесат уште нова содржина во вид на дополнителни квестови и приказни, а на секои шест недели играчите ќе ги очекува нова тура награди за освојување. Огромната количина на содржина би требало играчите да ги задржи прилично долго пред малите и големите екрани, а дел од она што не очекува можете да видите во видеото во прилог.