Cloud9 ангажира уште еден екс-CS:GO играч во својот Valorant тим

Cloud9

Како и повеќето нивни најголеми конкуренти, така и во Cloud9 се решени да состават Valorant екипа. Поради ова, една од најпознатите еспорт организации од Северна Америка потврди дека поранешниот CS:GO играч, Скајлер Relyks Вајвер ќе се приклучи на нивниот Valorant тим.

Во текот на својата кариера тој воглавно играше за послаби и помалку познати северноамерикански екипи. Последниот ангажман го имаше во тимот на Singularity, за кој потпиша на почетокот од 2020 година. Тимот не успеа да забележи некои поголеми резултати, а набрзо потоа на сцената стапи и Valorant. Од самиот старт Relyks се посвети на новата игра, по што се постави на самиот врв на американската сцена.

Од април, Relyks нема стримано или играно во било кој CS:GO турнир. Наместо тоа, тој започна да игра Valorant и настапуваше на турнири заедно со TenZ, првиот член на Cloud9 Valorant екипата и поранешен CS:GO играч, организацијата одлучи да го ангажира за постојано. Тандемот неодамна се здружи со тројца поранешни CS играчи за да го претставуваат Cloud9 во Immortals First Light турнирот, каде завршија како второпласирани откако загубија од TSM во финалето.

Иако екипата официјално се уште не е комплетирана, Cloud9 од 26 јуни ќе се натпреварува на американскиот турнир T1 x Nerd Street Gamers Showdown кој е првиот турнир во Valorant Ignition Series. Настанот ќе има награден фонд од 50.000 долари.