Баланс пач на оружјата среде Сезона 4 во COD: Modern Warfare и Warzone

COD: Modern Warfare

Infinity Ward потврди дека следно подесување на оружјата во COD: Modern Warfare а со тоа и „батл-ројалот“ Warzone ќе пристигне среде Сезона 4 во новиот пач.

Сезона 4 започна на 10 јуни а неочекувано не донесе промени во оружјата, оставајќи ги играчите и фановите со дилемата за тоа кога студиото планира да ги направи долго очекуваните и потребните балансирања на оружјата, со голем акцент ставен на познатиот Grau.

Конечно, Joe Cecot (Ко-Дизајн Директор и мултиплејер дизајнер на Infinite Ward) потврди дека промените ке пристигнат. Како одговор на прашањето на Twitter за тоа дека Grau ќе биде „нерфнат“, ко-дизајнерскиот multiplayer директор на Infinity Ward вети дека серијата на унапредувања на оружјата е во развој како дел од mid-season „апдејтот“, објаснувајќи дека повеќе информации ќе бидат познати подоцна. Инаку, Grau во моментов е најмоќното оружје во тековната meta на Call of Duty: Modern Warfare и најпопуларен избор меѓу играчите, особено во Warzone.

Иако нема конечен датум за кога точно ке пристигне пачот на COD-Modern Warfare, бидејќи Сезона 4 започна на 10 јуни, тој се очекува да се случи во средината на јули.

Во продолжение можете да погледнете видео кое ке ви помогне да го искористите најдобро OP оружјето Grau.