Complexity го состави својот Valorant тим

Complexity

Огромната популарност на Valorant ги натера Complexity да создадат тим што ќе биде компетивен на сцената. Списокот содржи добро познати имиња кои ни доаѓаат од сферата на Countrer-Strike.

XP3 е поранешен професионален играч на Countrer-Strike кој со години бил тренер на дивизијата Digitas, AGM е поранешен играч на CS:GO кој добро се снајде во помали турнири и настани во Б-ниво и Ц-ниво. Frisco, ohaaiii и CoM исто така се придружија на Valorant од други игри и се натпреваруваа на неколку турнири во текот на изминатите два месеци.

Complexity се придружува на растечката листа на највисоко ниво на еспорт организации, скокајќи во VALORANT со 100 Thieves, CLG, TSM, Cloud9, G2, Ninjas in Pyjamas, T1,  и многу повеќе што го заземаат своето место на масата. Многу од списоците се градат на слична основа на играчи на Counter-Strike. Ова се очекува, со оглед на сличностите во истите.

Тимот на Complexity:

Мајкл „AGM“ Абод
Коди „Frisco“ Дај
Рајли „Ohaaiii” Нгуен
Корбин „CoM“ Ли
Дејвид „XP3“ Гаридо