Complexity со пресврт до победа против Vitality во финалето на BLAST Premier

Complexity

Премиерната сезона во BLAST Premier дојде до својот крај, а на тронот се искачија Complexity и Evil Geniuses во своите региони. Spring сезоната започна на LAN, по што евентуално се пресели online поради пандемијата на Covid-19. Настанот беше поделен на европски и северноамерикански регион. На крајот, Complexity и EG ќе можат да се пофалат со титулата победници на крајот од Spring Finals.

Complexity Gaming успеаја да се консолидираат по катастрофалното издание во првата мапа и направија пресврт за да дојдат до победата против Team Vitality со 2:1 и да се искачат на тронот во BLAST Premier: Spring 2020 European Finals.

Оваа победа им донесе на Complexity 335.000 долари на нивното конто како и место во BLAST Premier: Global Final 2020. На второпласираните Vitality како утеха исто така им следува место на Global Finals, а си заминаа дома побогати за 65.000 долари.

Во пресрет на финалето, Vitality го совлада Faze Clan. Иако мечот беше неизвесен, подоцнежните финалисти сепак успеаја да слават со 2:0. По ова следуваше финалето кое Vitality го отвори подобро во однос на конкурентите Complexity, дозволувајќи им да освојат само две рунди на Vertigo мапата.

Сепак, Complexity, кој важеше за аутсајдер на овој турнир, покажаа дека не случајно се најдоа на настанот и веќе на втората мапа успеваат да се консолидираат и да обезбедат продолженија, иако Vitality успеаја први да дојдат до меч поен. На крајот, Complexity успеа да направи пресврт и да дојде до израмнување.

За крајот беше резервирана Nuke, а по првото полувреме двете екипи не успеаја да направат разлика во своја корист. Vitality на стартот од вториот дел успеа да поведе со 12:10, но Complexity одговори со победа во шест рунди во низа и благодарение на Бенжамин blameF Бремер кој собра 28 убиства го одведе својот тим до победа од 16:12 и на спектакуларен начин дојде до посакуваната титула.

EG шампиони во северноамериканскиот регион

Од друга страна, Evil Geniuses ги совладаа MIBR во финалето од американскиот регион на BLAST Premier. Северноамериканскиот состав се избори за своето Spring Final место преку BLAST Premier Americas Showdown, откако претходно забележаа два порази во низа од OG Esports. Третото место на Americas Showdown им овозможи на EG да се пласираат на Americas Spring Final.

На патот до тронот EG најпрво се соочија со ривалите Team Liquid во upper-bracket полуфиналето. Благодарение на победата од 2:1 си обезбедија место во upper-bracket финалето, каде се соочија со MIBR, кои славеа победа и ги испратија EG во lower-bracket.

Сепак, Evil Geniuses обезбедија место во големото финале по неизвесната серија на три мапи против FURIA во lower-bracket финалето. Со тоа, EG повторно се сретнаа со MIBR, а благодарение на резултат од 16:14 на Dust2, EG поведоа со 1:0 во серијата. Втората мапа Inferno донесе продолженија, каде MIBR загубија со 15:19 и покрај одличното издание на Epitacio TACO de Melo и неговите 36 убиства. EG ја добија серијата со „метла“ обезбедувајќи си 160.000 долари и место на BLAST Premier Global Final.

BLAST Premier Spring FInals, CS:GO настанот со награден фонд од 750.000 долари, првично требаше да се одигра во Москва. Сепак, истиот се пресели онлајн и беше поделен во два региони поради пандемијата на коронавирусот. Европскиот регион, составен од осум тима кои се натпреваруваа во плеј-оф bracket со двојна елиминација се играше според систем BO3 и имаше награден фонд од 500.000 долари. Од друга страна, американскиот регион започна во вторникот и носеше 250.000 долари награден фонд. BLAST Premier Fall Series ќе започне во октомври со награден фонд од 300.000 долари.