Counter-Strike го прослави својот 20-ти роденден

Counter-Strike

На 9-ти ноември пред точно 20 години излезе првата Counter-Strike игра, која во текот на периодот од две децении преку различни изданија го дефинираше жанрот на компетитивни shooter наслови.

Во претходните години постоеја неколку бета верзии на оваа игра, но како целосен и официјален излез на Counter-Strike 1.0 се смета датумот во новиот милениум. Меѓутоа, Counter-Strike не настана веднаш како самостојна игра. Постарите „хард-кор“ гејмери добро се сеќаваат дека CS беше креиран како мод за Half-Life. Негови креатори се Мин Ли и Џес Клиф кои вложија голем дел од своето време со цел од авантурата на Valve да му го подарат на светот своето ремек-дело на класична борба меѓу терористи и контратерористи.

Counter-Strike уште од самиот старт привлече големо внимание бидејќи уште во својата бета фаза стана тогаш најиграната multiplayer игра. Тоа секако го привлече вниманието на самата компанија Valve, која играта си ја доведе под свој покрив на 9-ти ноември, а во таа сега веќе далечна 2000-та година оваа игра се појави во две верзии – и тоа како полн мод за Half-Life и како самостојна игра. Таа верзија беше уште побогата од претходните бета фази, со нови мапи, оружја и слични додатоци.

Counter-Strike и понатаму на врвот

Секако, сите ние многу подобро ја памтиме славната Counter-Strike 1.6 која и понатаму е исклучително активен и има огромен број играчи, особено на овие простори. По 1.6 пристигна Source, а сега и понатаму е актуелен CS:GO, кој излезе во 2012 година.

Интересно е дека самата срж на играта не доживеа некои значителни промени во однос на оригиналната игра. Милиони играчи и понатаму се натпреваруваат на мапите кои добија свое освежување и унапредување, со практично непроменети модови како екстракција на заложници, спречување на детонација на бомби и слично. Благодарение на големата заедница на играчи, во текот на овие две децении креирани се и голем број на популарни модови како surf, gungame и слични.

Споделете ги со нас вашите најомилени спомени од Counter-Strike игрите.