Counter-Strike наполни 21 година

Counter-Strike

Counter-Strike пред неколку дена го прослави својот 21. роденден, а со текот на времето стана една од најлегендарните видеоигри во историјата.

CS има посебно место во срцата на голем број гејмери, откако на 19 јуни пред точно 21 година се појави на сцената. Она што започна како „мод“ на Half-Life се претвори во една од најпопуларните first-person shooters (FPS) во светот со просперитетна професионална сцена која привлекува милиони гледачи.

Counter-Strike настана како „мод“ за Half-Life развиен од страна на Мин Gooseman Ли и Џес Клиф во 1999, по што доби големо внимание и популарност за Valve да го забележи. Valve ги ангажираше девелоперите да работат на играта во 2000 година и го лансираа оригиналниот и официјалниот наслов истата година.

Играта доби нов наслов, Counter-Strike: Condition Zero, во 2004 година, што беше пречекано со негативни критики. Counter-Strike: Source беше следната игра во серијата и беше првиот наслов објавен на Source engine-от. Source ја однесе играта на едно ново ниво на популарност и е моментот кога голем број актуелни професионални играчи започнаа да играат.

Counter-Strike: Global Offensive е најновата игра во серијата и привлекува милиони играчи месечно. CS:GO има навистина здрава професионална сцена која содржи тимови од големи организации, како што се Fnatic, G2 Esports и Evil Geniuses.

Развојот на Counter-Strike низ годините

Сепак, CS:GO во последно време почна да губи дел од своите играчи поради Valorant, нова FPS игра од Riot Games со слична конфигурација. Засега не е јасно и невозможно е да се предвиди дали новиот наслов ќе продолжи да ги привлекува Counter-Strike играчите, но идните „апдејти“ сигурно ќе ги задржи посветените играчи задоволни.

Некои од фановите со право се прашуваат кога ќе биде објавена нова Counter-Strike игра со оглед на тоа дека CS:GO е на сцената речиси осум години. Valve со сигурност има планови за идни изданија или поголеми „апдејти“ на постоечката игра, но малку е веројатно дека оваа легендарна серија ќе исчезне во блиска иднина,