Објавен датумот за Crysis Remastered, пристигнува порано од очекуваното

Crysis Remastered

Од 23 јули на островот Lingshan ќе можете да видите голем број различни атракции, вклучително и летечки лигњи од вселената. Не, не станува збор за некаква фантазија или халуцинација. Причината за тоа е фактот што на овој датум ќе излезе Crysis Remastered за PC, PlayStation 4, Xbox One и Nintendo Switch.

Повеќе детали за самата игра се очекуваат во текот на утрешниот ден кога ќе се појави и првиот gamelpay трејлер. Додуша, истиот трејлер веќе „протече“ во јавноста, само што не е во полн квалитет. Видеото ви го нудиме во прилог, а треба да се напомене дека на него се прикажани снимки од PC верзијата на играта.

Во секој случај, Developer Crytek ќе го објави првиот gameplay трејлер во текот на утрешниот ден кога ќе можеме да го погледнеме во поголем квалитет, а веројатно ќе бидат прикажани и останатите верзии, покрај онаа за PC. Исто така, со видеото требаше да се најави и датумот на објавување на играта, но Microsoft Store им го „украде“ тоа задоволство на Crytek.

На страницата на Microsoft Store е потврдено дека играта ќе поддржува 4K и HDR на Xbox One X, а исто така објавени се и три нови screenshot-ови за играта, кои можете да ги погледнете на крајот од текстов.

„Класичната FPS игра од Crytek се враќа со gameplay исполнет со акција, sandbox свет и возбудливи епски битки во кои се заљубивте и првиот пат кога ја игравте играта, а сега пристигнуваат со унапредена графика за новата генерација на хардвер“, стои меѓу другото во листата.