CS:GO мистериозно исчезна од Steam на цели два часа

CS:GO

Навистина чудни работи се случија денеска на Steam, откако неколку „пејџови“ мистериозно исчезнаа во текот на денешниот ден, вклучително и „стор пејџот“ за CS:GO.

Во случај баш денеска да одлучивте да ја играте CS:GO за прв пат во својот живот, дефинитивно не ви бил денот, бидејќи играта мистериозно ја загуби својата страница на матичната платформа Steam. Истото се случи и со уште неколку други игри чии промотивни слики, трејлери, „ачивменти“, DLC додатоци и слични работи беа избришани.

Игрите си стоеја во базата на Steam така што и понатаму се појавуваа во пребарувањето, а оние кои ги имале овие игри во својата колекција и понатаму можеа да си ги играат без никакви проблеми. Меѓутоа, страниците за овие игри едноставно исчезнаа, од Valve ни трага ни глас. Целата агонија траеше неколку часа, за потоа се да се врати во нормала.

Никој во моментов не може да знае што се случи со Steam страниците на CS:GO или дали можеби Valve има некаков проблем. Можеби е само некој посериозен ремонт на „пејџот“ кој требал да биде поправен офлајн, можеби е некоја случајна грешка или пак сериозен пропуст. Сега засега не знаеме, а можеби од Valve ќе бидат доволно пристојни, па ќе ја известат јавноста за проблемот.