CS:GO повторно го достигна врвот на еден милион активни играчи

CS:GO

Вчера, по јуни 2020 година, за прв пат е забележана активност на над еден милион истовремени играчи на CS:GO.
Популарната игра на Valve Counter Strike:Global Offensive изброја 1.011.452 играчи минатата ноќ. Веднаш зад неа се најде Dota 2, со само 657.210 активни играчи. На оваа листа можеме да видиме и други хит наслови како Among Us, PUBG, како и battle royale Apex Legends, кој неодамна пристигна и на Steam.

csgo-milion-1

Ненадејниот скок на активност се совпаѓа со повторното воведување на полициски час во голем број држави, поради новиот бран COVID-19.

Иако овие бројки се навистина импресивни, гласините сугерираат дека тие дополнително ќе се зголемуваат. Имено, во последните неколку недели се шпекулираше дека наскоро доаѓа нов Operation евент во CS:GO, кој треба да се појави наскоро. Долго очекуваната операција, наводно, ќе донесе неколку нови режими на игра, како и нова снежна мапа.