Cyberpunk се врати на PS Store, но Sony ве советува да не го играте

Cyberpunk PS Store

Минатата недела пристигна новото ажурирање за Cyberpunk 2077, верзијата 1.23, која е уште една во низата интервенции кои се повеќе од потребни за „хитот“ на CD Projekt RED, фокусирајќи се притоа на основните модели на PlayStation 4 и Xbox One конзолите. Дека тие интервенции на PS4 и понатаму се потребни, признаваат и од Sony, кога преку својот официјален PlayStation Twitter профил се огласи во пресрет на долгоочекуваното враќање на Cyberpunk на PS Store – проблемот е само што ни Sony не сака да ја заиграте Cyberpunk на оваа конзола.

„Cyberpunk 2077 сега е достапна на PlayStation Store, a унапредувањето на PS4 верзијата ќе продолжи во текот на целата следна година. За најдобро PlayStation искуство се препорачува да се игра на PS4 Pro или PS4 конзолата“, стои во официјалниот твит, што ни дава за можност да заклучиме дека ни господата од Sony не би го купиле тоа што самите го нудат на своите купувачи, барем не кога станува збор за основниот модел за PS4 конзолата.

Поради компромисот поради кој играта сега е до некаде игрива, споменатото минатонеделно ажурирање го однесе Night City на PlayStation 4 во буквален lockdown, односно сообраќајот е драстично поредок, со акцент ставен на пешаците. Речиси половина година Cyberpunk го немаше на PS Store, а неговата состојба на PS4, дури и ако до крај се поправи, веројатно никогаш нема да ја оправда ниту половина од својата цена.

Ако на сето ова се додаде дека Sony кон почетокот на оваа година потврди дека ќе престане со производството на PS4 Pro, како и дека нови залихи на PS5 има во се помал број, се чини дека единствените PlayStation конзоли кои ги има во изобилие, се токму оние на кои Sony најмалку препорачува да се игра Cyberpunk 2077.