Дали е Селемене следниот Dota 2 херој?

Селемене

Последниот трејлер за аниме серијата Dota 2 не внесе уште подлабоко во авантурата на Давион и Мирана. Иако добивме само груба слика за целата приказна, јасно ни е дека некои од клучните ликови се Инвокер и мистериозната Селемене, божицата на Месечината, која ја обожаваат Луна и Мирана. Некои детали сугерираат дека Селемене може да биде следниот херој што ќе се приклучи  на Dota 2.

dota-selemene-anime1
credit: rur.rs

Од трејлерот дознаваме дека многу важни елементи на приказната се волшебните цвеќиња од лотос, кои Селемене им ги подари на своите обожаватели пред 1000 години. Исто така, дознаваме дека цвеќињата биле украдени, па затоа Селемене е повикана во светот на луѓето, гладна за војна и одмазда. Се подразбира дека Инвокер игра многу важна улога и е позитивен лик, додека самата божица е прикажана во негативно светло.

Интересно е што овие идентични лотоси можеме да ги видиме наа TI10 верзијата на мапата Dota 2, како лебдат на реката.

Selemene confirmed next hero? : DotA2

Сè уште не е целосно јасно дали ова значи дека Селемене е следниот херој на Дота 2, или дали ова е само подготовка за премиерата на серијата. Во секој случај, сигурно ќе имаме некакво  изненадување на премиерата.

DOTA:  Dragon’s Blood официјално излегува на 25 март и ќе биде достапна за сите претплатници на Нетфликс.