Дејвид Бекам претставен како косопственик на еспорт тим

Дејвид Бекам

Поранешниот  капитен на Англија, Дејвид Бекам, влегува во виртуелниот свет како косопственик на лондонскиот стартап Guild Esports.

Со седиштето во Лондон, Guild Esports се најави започнување на играчка академија, но исто така и иницирање на тимови во разни еспорт арени, вклучувајќи ги Rocket League, EA Sports, FIFA и Fortnite.

„Имаме визија и сакаме да поставиме нов стандард, поддржувајќи ги играчите во иднина рече Бекам.

“За време на мојата кариера имав доволно среќа да играм со фудбалери на врвот на нивните кариери и ја видов од прва рака страста и посветеноста потребни за врвен резултат. Ние сме посветени на негување и охрабрување на талентирани млади играчи преку нашите академски системи и со нетрпение очекуваме да му помагаме на нашиот тим Guild Esports да расте “, додаде легендарниот англиски фудбалер.

Не очекувајте да видите премногу од Guild Esports на конкурентската сцена.  Стартапот ќе го следи академскиот модел, фокусот ќе биде насочен кон младите и надежни играчи наместо да се зимаат од веќе постоечките тимови.

Познатиот британски илустратор, графичар и дизајнер Фергус Перчел ќе биде задолжен за брендирање на компанијата.

Финансиските детали за инвестицијата на Бекам не се објавени, но Financial Times објави дека тој ќе стане вториот најголем акционер на Guild Esports.

„Ние изградивме искусен менаџерски тим и јас сум горд што Дејвид Бекам е косопственик во овој тим, рече првиот човек на компанијата Карлетон Куртис.

Поранешната звезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е исто така е косопственик на американскиот фудбалски премиерлигаш Интер  Мајами, кој ќе започне да игра во МЛС оваа година.