Davion од Dragon’s Blood пристигна како персона во Dota 2

Davion

Valve не изненади синоќа со нов Battle Pass, а како една од наградите што можеме да ја освоиме преку истата е Davion Persona за Dragon Night од аниме серијата Dragon’s Blood.
Главниот јунак на популарната серија што излезе на Netflix кон крајот на март, Davion, сега исто така ќе биде во игра. Како и да е, пред да го добиете овој скин, ќе мора да купите Battle Pass, кој чини 7,49 УСД, и кога ќе стигнете на 195 ниво ќе може да го отклучите. Можете да го направите ова со играње, решавање дополнителни задачи или едноставно со купување дополнителни нивоа.

Ако достигнете нивоа 200, 215 и 222, ќе ги отклучите вториот меч, оклоп и шлем.

Ова ќе изгледаше како нешто сосема нереално пред неколку години, но бидејќи Valve реши да додаде Persona скинови, не можеме да кажеме дека бевме изненадени што решија да вметнат вакво нешто. Ова е засега четврта персона, откако ги добивме Invoker Kid, женската верзија на anti mage и Pudge

Во прилогот подолу можете да видите како изгледа овој скин во играта, а можете да прочитате повеќе за Nemestice Battle Pass на следниот линк.