Days of Play почнува за една недела, еден куп PlayStation игри на попуст

Days of Play

Повторно пристигнува еден од најомилените периоди во годината за PlayStation фановите. Days of Play, периодот кога голем број PS игри се наоѓаат на попуст, оваа година за прв пат ќе донесе и попусти на игри наменети за PlayStation 5 конзолата.

Компанијата Sony најави дека акцискиот период Days of Play оваа година ќе се одржи од 26 мај до 9 јуни. Во PlayStation Store ќе можат да се купат дигиталните верзии на игрите по значително поевтини износи од вообичаеното, а во прв план ќе бидат ексклузивните игри на Sony.

Потврдено е исто така дека на попуст за прв пат ќе се најдат и игри наменети за PlayStation 5, како што се Demon’s Souls, Marvel’s Spider Man: Miles Morales, The Nioh Collection и Sackboy: A Big Adventure. Додуша, не треба да се очекуваат попусти за игри кои излегле неодамна, како што се Returnal или Resident Evil Village.

Кога станува збор за нешто постарите ексклузиви за PlayStation 4, потврдено е дека за пониска цена ќе можат да се добијат наслови како Ghost of Tsushima, The Last of Us: Part II, Death Stranding и Predator: Hunting Grounds, заедно со остатокот од селекцијата на PlayStation Hits каталогот (God of War, Gran Turismo Sport, The Last of Us Remastered, и така натаму…).

Пред да започнат попустите во рамките на Days of Play, Sony на сите сопственици на PlayStation конзолите им нуди викенд на бесплатно играње. Од сабота 22 мај, заклучно со недела 23 мај, играњето во онлајн мултиплеер нема да бара претплата на PlayStation Plus.