📷 Дејството во GTA VI ќе се одвива во 90-тите години

GTA 6

Последниот трејлер за GTA V, кој беше прикажан пред една недела, досега успеа да собере 240 илјади „дислајкови“ и предизвика вистинска бура на негодувања од страна на играчите на кои им е преку глава од рециклажата на Rockstar и кои сметаат дека е крајно време компанијата поконкретно да се позанимава со следната голема игра.

Иако сосема сигурно ќе почекаме за официјална најава за GTA VI, дел од фановите имаат интересна теорија која се однесува токму на тој фамозен последен GTA V трејлер. Уверени се дека Rockstar во него скрил уште еден интересен „хинт“ за долгоочекуваната „шестка“.

Имено, фановите во трејлерот забележаа возило со регистрациски таблици на кои пишува „6 is a late 90’s“, што го интерпретираа како своевидно навестување дека дејството во GTA VI би можела да се одвива кон крајот на 90-тите години од минатиот век.

Со оглед на тоа дека Rockstar е познат по слични тизери, постои добра шанса навистина да се работи за еден таков тизер. Но, исто така, со гласините за ретро сетингот, постојат и оние гласини кои велат дека „шестката“ ќе има модерен сетинг, па постои шанса една од тие теории да не е точна. Во секоја случај, нам и понатаму ни останува да бидеме трпеливи и да почекаме Rockstar конечно да се огласи со било какви информации.