Демиен Лилард еден од тројцата играчи на насловната за НБА 2K21

Демиен Лилард

Додека фановите на најпопуларна лига во светот НБА чекаат сезоната да продолжи, 2K објави дека Демиен Лилард ќе биде една од трите ѕвезди на NBA 2К21 игрите .

Во видео твитот објавен во вторникот, девелоперот откри дека играчот на Portland Trail Blazers ќе биде насловната ѕвезда за играчите на конзоли од сегашната генерација и е еден од трите спортисти што ќе бидат претставени оваа недела. Откривањето за постоење на три корици, за прв пат го направи ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, спортист на насловната страна на НБА 2К20, минатата недела во видео-записот на „ТикТок“ од НБА 2К.

 

Демиен Лилард во интервју со Шамс Карина изрази благодарност

“Ова е посебен момент за мене во мојата кариера во НБА. Со години сум обожавател на НБА 2К игрите и сакам како тие ги претставуваат сите аспекти на кошаркарската култура. Јас сум страствен играч и затоа ми е чест да се приклучам на другите одлични НБА ѕвезди кои се најдоа на насловната страница. Благодарен сум на сите мои фанови и не можам да чекам сите да ја доживеат играта подоцна оваа година “.

Лилард ќе биде на насловната страна на конзолите PlayStation 4, Xbox One, Nintendo Switch, Windows PC и Google Stadia. 2K ќе ги објави насловите на PlayStation 5 и Xbox Series X во среда, заедно со дополнителни информации за играта и достапноста за преднарачка.

Демиен Лилард е првиот играч на Блејзерс кој ќе се појави на насловната страница на НБА игра. 2К и Лилард исто така се здружија преку фондациите 2K за реновирање на руиниран центар за заедницата и кошаркарско игралиште во Оукланд.

Алфи Броди, потпретседател на маркетингот за НБА 2К, изјави за партнерството:

„Денеска има многу одлични играчи во НБА лигата, но Дамјан Лилард направи особено зачудувачка работа за претставување на сегашната генерација на супер ѕвезди во НБА. Од неговото културно влијание, музички успех, волонтерската работа  и  доминантната позиција на терените тој е совршен погодок за нашата корица на НБА 2К21. Ние сме навистина благодарни  што го имаме. “

Информациите за објавување и другите детали за играта се очекуваат оваа недела.

Што се однесува до Legend Edition, шпекулациите на обожавателите се големи затоа што починатиот Коби Брајант е одлична звезда. Без сомнение, би било најсоодветна почит на глобалната икона во кошарката што светот го загуби прерано во трагедија.

НБА 2K21 ќе биде достапен за преднарачка од 2 јули. Играта ќе започне да се продава во октомври 2020 година за PS4, Xbox One, Switch и компјутерите, додека  сè уште не е објавен датумот за конзолите за следните генерации PS5 и Xbox Series X.