Денес започна очекуваниот Dota 2 турнир – EPIC LEAGUE $500.000

Epic League

Вчера на 11 ноември завршија затворените квалификации за EPIC LEAGUE $500.000 каде што новиот супер ростер очекувано се пласираше заедно со победниците на ESL ONE Germany – тимот mudgolems.

Турнирот започна денес. Тој ќе биде поделен на две фази, групна round robin и плејоф фаза. Сите 10 екипи ќе се сретнат една против друга во BO3 мечови во групната фаза, па со оглед на тоа што учествуваат најдобрите 10 екипи од европа, секоја партија ќе биде интересна за гледање. Групите ќе траат од денес па се до 5 декември, а распоредот можете да го видите подолу.

epic-league-g1

Во првиот ден видовме OG како изгуби од новиот ростер на Virtus.pro, Na’Vi ги победи Team Liquid, а за крај преостанува битка помеѓу двата тима кои не добија директен инвајт на турнирот, Team Error (Ramzes, Sumail, NoOne, Zajac, Solo) против mudgolems.

Следете не за повеќе информации!