Денес започнува третата сезона од OGA: Dota PIT

OGA: Dota PIT

Третата сезона на турнирот OGA: Dota PIT се враќа по 2 месеци за да не го задржи вниманието се додека не започне новата DPC сезона. Овој краток турнир, кој за разлика од неговиот предок ќе се одржи само за EU/CIS  започнува денес на 23 септември, а ќе заврши оваа сабота на 26 септември.

Тимовите кои ќе учествуваат во OGA: Dota PIT Season 3 се следните:

  • Team Nigma
  • Team Secret
  • Team Liquid
  • OG
  • Virtus.pro Prodigy
  • Alliance
  • Navi
  • 5men

Има неколку промени во ростерите на тимовите, Ilya “Lil” Ilyuk ќе „застане“ за VP. Prodigy на позиција 4, а Danil «gpk» Skutin кој неодамна играше на позајмица во EG, сега ќе игра за VP. Prodigy како мид-лејнер.

Друга интересна замена која вреди да се напомене е мид-лејнерот на OG – Topson кој неодамна доби ќерка, па наместо него ќе игра тренерот на OG – Titouan “Sockshka” Merloz.

https://twitter.com/TopsonDota/status/1306919273860927489?s=20

За деталниот распоред на турнирот, кликнете овде!