Десеттата сезона на Apex Legends носи нов лик – ви го претставуваме Seer!

Apex Legends Seer

Respawn го скрати чекањето за фановите на Apex Legends и конечно ја претстави новата содржина за претстојната десетта сезона, како и новиот лик – Seer.

Новата сезона, наречена Emergence, излегува на 3-ти август, а како дел од неа доаѓа и нова легенда – Seer! Објавеното видео детално го претставува овој нов лик, а воедно го претставува и новото оружје Rampage LMG. И за Seer и за оружјето не се знае многу, барем што се однесува до самата игра и како тоа ќе влијае на моменталната „мета“ во играта, но има уште малку чекање додека сите играчи не ги испробаат овие вести.