Девелопер обвини издавач дека им ја хакнале играта и ја продаваат на Steam

Steam

Меѓу развојниот тим Frogwares и издавачката куќа Nacon изби навистина необична расправија околу играта The Sinking City. Накратко, девелоперите се пожалиле дека издавачот доцнел со исплаќање на платите додека работеле на тој проект, па со нив го раскинале договорот и од Steam го тргнале својот The Sinking City со цел издавачот да на може да заработува на таа игра. Целиот случај замина на суд, а судот застана во одбрана на издавачката куќа и играта се врати на Steam. Меѓутоа, сега нејзините творци велат дека тоа е кракирана и хакирана верзија на Sinking City.

За таа цел од Frogwares објавија и видео во кое објаснуваат како издавачката куќа Nacon ја модифицирала верзијата на играта работена за платформата Gamesplanet и ја објавила на Steam без поддршка за достигнувањата, DLC и слично. Од развојното студио тврдат дека од таа верзија се отстранети сите поврзувања за другите игри и содржините во продукција на Frogwares. Освен тоа, тврдат дека издавачот ја пиратизирал и Deluxе верзијата на играта во која се наоѓаат содржините чиј развој не е финансиран од страна на издавачката куќа Nacon, па со самото тоа од Frogwares веруваат дека станува збор за кражба.

Секако, од Nacon не останаа неми на овие обвинувања, па реагираа со деманти, истакнувајќи дека Frogwares се обидеме да го сменат договор кој не им се допаѓа откако од Nacon вложиле пари во развојот на играта.

„Лесно е да се глуми жртва, се што ние бараме е Frogwares да ги почитува обврските од направениот договор, подеднакво како што и судот заклучи“, порачаа од Nacon.

Кога станува збор за функционалностите кои ги нема во актуелната верзија на Steam, од Nacon тврдат дека не можеле да ги имплементираат бидејќи развојниот тим на Frogwares не сакал да соработува со нив.