DICE ги претстави специјалистите во Battlefield 2042

Battlefield 2042

Веќе е добро познато дека Battlefield 2042 нема да го има традиционалниот состав на класи. Односно, ќе ги има, но во прв план ќе бидат специфичните ликови – специјалисти, како во Rainbow Six Siege. Играта ќе биде лансирана со десет специјалисти и тој ростер со текот на времето ќе се шири, а сега DICE започна и со откривањето на ликовите со кои ќе играме.

Еден специјалист беше потврден и порано – тоа е Kimble „Irish“ Graves од Battlefield 4, инжењер кој добива бонус на штитот за секој непријател кој ќе го порази, а располага со пренослив штит и алат кој ги пресекува непријателските проектили.

Новите четири ликови кои ги запознавме се Boris, Mackay, Falck и Casper.

– Pyotr “Boris” Guskovsky е Русин кој има пренослив самостоечки митролез кој освен решетање на непријателот ги означува истите во хоризонтот, а станува поефикасен кога има играч во близина.

– Webster Mackay има специфична кука со која може да создаде нови патишта на мапата, има забрзано движење и нижанење.

– Maria Flack е супорт и користи пиштол S21 Syrette со кој може да ги лечи соборците од далечина, а директно може да ги врати кога се ранети (downed).

– Wikus “Casper” Van Daele e recon класа, има OV-P дрон кој ја открива позицијата на непријателот и создава пореметувања во нивната електроника и користи сензор кој го детектира движењето на противникот.

Battlefield 2042 излегува на 22 октомври оваа година за PC, PlayStation и Xbox конзолите. Првото јавно тестирање на играта би требало да се одржи некогаш во текот на овој месец.