Dota 2 не може, но затоа CS:GO Major ќе се одржи во Стокхолм

CS:GO Major

По повеќемесечните преговори со шведската влада, PGL конечно потврди дека Стокхолм следниот месец ќе ги нагости најдобрите CS:GO играчи како што беше и првично планирано на Major турнирот.

Можеби главниот град на Шведска остана без Dota 2 International, кој на крајот е преместен во Букурешт поради проблемите со шведските власти, но затоа PGL се потруди истата судбина да не го зафати и CS:GO Major. Шведска долго време одбиваше да го прифати Major како спортски настан од голема важност, што значеше дека не можеа да обезбедат сигурен влез за сите играчи и вработени.

Откако тоа ветување успеаја да го исполнат, остана само уште едно барање кое требаше да се исполни. Мораа да потврдат дека публиката ќе може да присуствува на настанот. Сега кога се отстранети и сите сомнежи, PGL ги извести своите фанови дека Major ќе се оддржи во Avicii Arena во Стокхолм, како што беше и првично планирано, но почетокот е поместен за 26 октомври.

PGL Major ќе биде првиот турнир од ваква големина уште од есента 2019 година, бидејќи поради пандемијата не можеше да се одржи во 2020 година. Ова исто така ќе биде и најголемиот CS:GO турнир во историјата на играта, бидејќи ќе има награден фонд од два милиони долари. На истиот ќе се соочат 24 екипи, од кои 11 ќе бидат од Европа, по 5 од Северна Америка и Русија, и по една од Азија, Австралија и Јужна Америка.

Последниот сет квалификациски турнири ќе почне на 29 септември, па околу 10 октомври би требало да ја добиеме комплетната листа на учесници.