Dota 2 повеќе нема да работи на прастар хардвер

Dota 2

Dota 2 е една од најиграните игри на Steam веќе неколку години во низа, а една од причините за тоа е фактот што играта може да се игра и на Commodore 64. Со други зборови, не ви треба којзнае каков PC за да можете да ги испробате своите вештини со милиони играчи ширум светот.

Но, наскоро тоа ќе се промени. Конкретно, играта и понатаму ќе може да се игра на послаб хардвер, само не на праисториски компјутери. Имено, играта ќе ја загуби поддршката за 32-битните состави, DirectX 9 и OpenGL. Ќе се прејде на нови технологии и програмски состави, а од Valve објаснуваат дека тоа ќе им го олесни понатамошниот развој на играта и претставување на нови функционалности од кои корист ќе имаат сите играчи.

 

Благодарение на преоѓањето на модерни решенија, додатоците за играта ќе можат да бидат погломазни, играта ќе се изведува многу подобро и ќе звучи многу почисто. Од Valve не истакнаа конкретен датум кога ќе стапат на сила новите промени, туку само порачаа:

„Со цел да ги задржиме играта и Source 2 енџинот свежи, планираме да ја отстраниме поддршката за некои постари системи и конфигурации. Ништо не се менува денес, но во следните месеци ќе ги имплементираме следниве промени:

„Отстранувањето на овие постари технологии ќе ни овозможат да ги рационализираме нашите развојни напори како и да ги користиме поновите карактеристики на овие API со цел да понудиме уште подобро Dota 2 искуство“.

Од Valve исто така објаснуваат дека повеќето играчи поради овие промени нема да мораат да направат ама баш ништо. Зафатен ќе биде само мал дел од публиката кој ќе мора да инсталира нова верзија на Windows или macOS и по потреба да набават графичка картичка која поддржува DirectX 11 или Vulkan.