Dota 2 Singapore Major: Првиот ден од плејофот

Singapore Major

Денес беше првиот ден од плејофот на One Esports Singapore Major. За прв пат по 15 месеци, имавме можност да ги видиме нашите омилени играчи во LAN-околина. Да видиме каква е состојбата на табелата.

На првиот ден од плејофот се одиграа 4 натпревари во горниот „бракет“. Четири победнички екипи се пласираа во 2. коло, додека поразените паднаа во долниот „бракет“, каде ги чекаат полошо-пласираните екипи од групната фаза.

Прво имавме шанса да го проследиме судирот помеѓу Fnatic и EG. Иако се надевавме дека овој натпревар ќе биде порамномерен, EG експресно покажа дека е подобар тим. Дополнително изненадување беше изборот на Techies од Fnatic, поради кој, како што обично се случува, забавата траеше подолго отколку што требаше.

Следуваше малку повозбудлив натпревар помеѓу двајца кинески ривали, Vici Gaming и Invictus Gaming , кои веќе се сретнаа во регионалната лига на DPC. На крајот, IG го одбрани својот статус, и се пласираше во втората рунда, каде ќе се сретне со EG.


credit: rur.rs

Другите два натпревари беа малку разочарувачки. Thunder Predator ги изненади сите во групната фаза и се чинеше дека Team Secret конечно најде достоен противник. За жал, тоа не беше случајот, бидејќи Puppey и екипатапобедија 2:0 со својата беспрекорна игра и се пласираа во следната фаза од натпреварувањето.

Како најсилна сила во Источна Европа, очекувавме Virtus.pro да биде повеќе од составот на PSG.LGD. За жал, тоа не беше случај повторно. PSG.LGD покажа исклучително стабилна и доминантна игра на последниот натпревар во текот на денот, и со уште еден резултат од 2-0 обезбеди пресметка против Secret.

Утре ќе се префрлиме на долниот „бракет“ каде ќе ја гледаме борбата на тимовите за опстанок на Мајор. Почнуваме во 4:00 часот наутро, со дуел помеѓу Fnatic и Neon Esports. Натпреварите се BO3.

Натпреварите можете да ги погледнете на официјалниот Twitch канал на ONE Esports.