Dota 2 The International и CS:GO Major се селат во Нов Зеланд!

International

Kooсновачот и претседателот на Valve Software, Гејб Њуел, во интервју за новозеландски 1 News разговараше за неколку интересни теми, а се осврна и на најголемите еспорт настани на Dota 2 и CS:GO, The International и Major, и нивно преместување во Нов Зеланд.

Гејб речиси целиот карантин го помина во Нов Зеланд, каде, како што вели тој самиот, ситуацијата е драстично поинаква во однос на останатите земји во светот. Пандемијата речиси и да не постои, а условите за живот се далеку побезбедни. Поради тоа тој сериозно размислува да ја пресели целата Dota 2 и CS:GO еспорт сцена, но и седиштето на својата компанија во оваа островска држава.

„Како што поминува времето и како што Ковид продолжува да мутира, шансите за The International да се одржи тука сериозно и забрзано растат“, вели Њуел.

Јубилејниот десетти Dota 2 The International шампионат, во 2020 година достигна награден фонд од неверојатни 34.340.000 милиони долари и минатото лето требаше да се одржи во Стокхолм, но беше откажан. Уште еден милионски турнир на Valve, CS:GO Major вреден 2 милио, исто така е откажан. Гејб сериозно смета дека сега Нов Зеланд би можел да биде добро место за двата турнири.

„Тоа е реална можност и станува уште пореална како што поминува времето. Навистина не можам, ако треба да претпоставам кога ќе биде безбедно да се прави турнир во живо било каде во светот. Тоа би било навистина тешко да го предвидам. Но, сметам дека со голема доза на самодоверба, би можеле да го испланираме тоа во Нов Зеланд“, изјави Њуел.

Гејб исто така додаде дека не може да ја предвиди глобалната ситуација во следните неколку месеци, поради што засега не може да биде поконкретен околу сето тоа. Првиот човек на Valve зборуваше и за новите игри кои се во подготовка, а целото интервју можете да го прочитате ТУКА.