Дознавме колку ќе чини PlayStation 5, но од 24-каратно злато

24-каратно злато

Ја добивме првата цена на конзолата PlayStation 5 и таа е повисока од се што се надевавме бидејќи станува збор за конзола со направена од 24-каратно злато.

Не, Sony не избрза да ја открие цената на PlayStation 5 откако Microsoft потврди дека Xbox Series S ќе чини 300 долари. Барем сè уште не. Но, благодарение на британската продавница Truly Exquisite, знаеме колку ќе чини PlayStation 5 – во златно издание од 24 и 18 карати.

Златниот PS5 беше објавен пред два и пол месеци, а сега се откриени и цените. Ситуацијата е таква што за PlayStation 5 со облини од 24-каратно злато треба да се издвојат 7999 британски фунти или 8099 фунти за страниците со 18-каратната „розе“ верзија.

Интересно, стандардната верзија на конзолата со диск чини 100 фунти повеќе од дигиталната верзија без диск, но ова е веројатно само претпоставка во продавницата. На продажба се и златниот контролер DualSense за 645 фунти и слушалките PS5 за 399 фунти.

Ќе се произведуваат 250 примероци по модел, а нарачките започнуваат на 10 септември. Ова е потенцијален показател дека овој четврток Sony би можел да ја открие цената на своите конзоли во изданијата што обичните смртници ќе можат да си ги дозволат.