Dr Disrespect зборува за перма-банот на Twitch

Dr Disrespect

Додека стрим заедницата иницијално се воздржуваше да верува дека Herschel “Dr Disrespect” Beahm беше перма-баниран на Twitch, скоро со сигурност можеме да потврдиме дека тоа е случајот.

По многу чудниот последен стрим каде Two-Time се појави да дознае загрижувачки вести во етер,  акаунтот на популарниот Twitch стример беше избришан, оставајќи 4 милиони следачи во бунуло за тоа што се случи. Тој допрва треба да даде изјава на Twitter, а на неговите сабскрајбери веќе им беа вратени парите. Исто така емотиконите на Dr Disrespect беа тргнати од Twitch.

Сите значи покажуваат дека Dr Disrespect е баниран од Twitch, но на никој не му е јасно зошто.

Еспорт инсајдерот Rod “Slasher” Breslau сподели дека неговите извори го информирале дека овој бан не се многуте на опомени на Twitch  за авторски права. Ова беше една од идеите што кружеше низ стрим заедницата, бидејќи многу контент креатори го опоменувале, некои и многу одамна. Но што се случи потоа?

Dr Disrespect конечно прозборе за Twitch банот

Додека заедницата нестрпливо чекаше во бесознание за тоа што се случило, Dr Disrespect реши да сподели официјална изјава на Twitter. За жал, таа не ни нуди многу информации за што точно се случило.

Twitch заедницата реагира за банот на Dr Disrespect

Додека Dr Disrespect тврди дека Twitch го немаат информирано зошто ја направиле одлуката за перма-банот, низ гејминг заедницата можете да слушнете многу гласини. Поради вредноста кој тој ја има како стример за Twitch, и нивната брза и ригорозна одлука, можеме да претпоставиме дека е нешто сериозно.

Луѓе почнуваат да шпекулираат дека тој е уапсен или дека е во некој легален спор, но конкретни докази нема никаде. Неколку луѓе тврдат дека тој е логиран на Discord, што асоцира дека е дома и дека се е во ред.

Имено, некои од спонзорите на стримингот, вклучувајќи ги и Game Fuel и Razer, ги вратија рекламните кампањи што ги водат со Dr Disrespect откако претежно ја минимизираат својата врска со популарната фигура. Ова е нешто што дава надеж од компаниите, земајќи ја во предвид неговата сигурност за иднината, која ни ствара само поголема конфузија за целата ситуација со Twitch.

Slasher даде хинт дека знае која е точната причина за банот на Dr Disrespect, тој посочи дека е осетлива тема и не сака да дискутира за неа. Ова ни укажува дека изјавата на Докторот е неточна. Неговата жена исто даде емоционален пост , укажувајќи ни дека нешто посериозно се случува.