Проблемот со „дрифтот“ е страшен, DualSense контролерот има рок на траење

DualSense

Популарниот YouTube канал iFixit го анализираше проблемот со „дрифтањето“ на аналогните палки кај DualSense контролерот за PlayStation 5, а нивните проценки воопшто не се оптимистични.

Се поголем број на PlayStation 5 корисници јавуваат дека се соочуваат со таканаречен „дрифтинг“ на нивниот DualSense контролер од лансирањето на next-gen конзолата минатата година. Минатата недела пристигна информација дека Sony се соочува со тужба поради овој проблем, но фановите се повеќе загрижени како воопшто компанијата дозволила да дојде во ваква ситуација.

Проблемот со „дрифтањето“ е се почеста појава на официјалните контролери за конзолите на Nintendo, Xbox и Sony, a токму затоа популарниот YouTube канал специјализиран за техника, iFixit, реши да истражи и открива што е причината на овој проблем. Во видеото целосно го расклопија DualSense контролерот, а од она што го забележаа, излегува дека истата компанија ги произведува деловите за контролерите на Sony, Microsoft i Nintendo.

Станува збор за јапонската компанија Alps за која iFixit вели дека не произведуваат лоши делови за контролери, но дека е познато дека тие контролери имаат свој век на траење. Со други зборови, се чини дека повеќето DualSense контролери се осудени на „дрифтање“ порано или подоцна. Прашање е само на време.

Исто така, зависи и какви игри се играат, но според проценката на iFixit, ако играте Call of Duty: Warzone, контролерот може да издржи едвај 417 часа играње (!!!), пред компонентите од аналогните палки да почнат да деградираат, односно да почне да се јавува проблемот со таканаречениот „дрифтинг“. Истото важи и за другите контролери бидјеќи ја користат истата технологија, вклучително и Xbox Elite моделите, но и контролерите на постарите Xbox One и PS4 конзоли.