Дури 66% од PlayStation фановите си земале слободен ден за лансирањето на PS5!

Конечно пристигна денот. По месеци и месеци чекање, PlayStation 5 конечно пристигна во Европа, а со тоа и во Македонија. Минатата недела беше голема борба, особено што моравме љубоморно да ги гледаме Американците како си играат на новата конзола која им беше достапна од 12 ноември, но еве сега и ние ги стигнавме и ништо не може да не спречи да уживаме во новата генерација на PlayStation.

Оние кои успеаја да си ја обезбедат конзолата на време за лансирањето очигледно ќе поминат што е можно повеќе време со своето мново милениче. Токму затоа огромен дел од фановите на PlayStation си донеле одлука да си го земат 19 ноември како слободен ден на работа. Ова е според истражувањето направено од страна на executives.co.uk, кој открива дека 66 проценти од фановите си земале слободен ден од работа само за да можат да уживаат во PS5 лансирањето.

Изненадувачки, само 2 проценти одлучиле да земат боледување, наместо да користат од годишниот одмор. Само 31 процент планираат да си работат како ништо да не се случило. Секако, треба да се има предвид дека е секој земал слободен ден само за да игра PS5, но секако тоа е очигледен бонус.

Но, како и да е, без оглед дали сте отишле денеска на работа или сте останале дома, денеска сигурно беше возбудлив ден за секој оној кој си ја обезбедил PlayStation 5 конзолата.