Двајца познати CS:GO играчи формираат свој тим во Valorant

Lowel

Поранешните CS:GO играчи од професионалната сцена, Вилијам „Draken“ Сундин и Кристијан „Lowel“ Гарсија Анторанj се најдоа без тим, поради што и двајцата се посветија на Valorant последните неколку месеци.

Draken веќе неколку месеци е без состав, поради што имаше многу време да се посвети на новата игра игра. За време на неговата кариера, тој настапи за големи организации, како што се Ninjas in Pyjamas i Fnatic, па го искористи своето знаење во Valorant, поради што тој го достигна врвот на европската сцена без премногу проблеми.

draken - Liquipedia Counter-Strike Wiki

Досега тој немал среќа да најде тим, па токму затоа сака да го започне својот проект. За разлика од него, Lowel штотуку заврши со соработката со Movistar Riders, што му стави до знаење на Швеѓанецот дека сега ќе биде совршено време да го покани Lowel во неговиот тим. Шпанецот веќе изрази желба да се испроба на новата сцена, па најверојатно ќе ги следи стапките на најпознатиот шпански CS:GO играч, Mixwell, кој веќе извесно време успешно го водеше тимот на Valorant на G2.

На нив двајца ќе им се придружат помалку познатите CS:GO играчи на сцената: Јосиф „Luzuh“ Лук, Данил „Pipson“ Мешерјаков и Дастин „nieSoW“ Дурнас. Новиот тим ќе се вика Inferno и треба да биде официјализиран наскоро, според веродостојната страница 1pv.fr.